| четврток, 6 декември 2018 |

Повредените патници се префрлени во болници во Гeр и во Татабања

Повредените патници од автобусот што излета во близина на Будимпешта се префрлени во болници во градовите Гeр и Татабања.

Унгарските медиуми јавуваат дека во автобусот имало 28 патници и сите биле префрлени вo болница. По извршените прегледи шест биле задржани со посериозни повреди, од кои еден се бори за живот, а седум биле со полесни повреди.

Автобусот со македонски државјани утрово излета од патот во близина на Будимпешта додека се движел на релација Скопје – Прага.

Во извлекувањето на патниците учествувале и пожарникари.

Наскоро повеќе детали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top