| четврток, 6 декември 2018 |

Во прифатниот центар за бегалци во Гевгелија се појавија морбили

morbili

Епидемиолошката служба од Општата болница во Гевгелија денеска при редовниот увид во Прифатно-транзитниот центар Гевгелија дијагностицира еден случај на заразно заболување морбили по претходна пријава од лекарскиот тим кој дежура во бегалскиот камп.

Дијагнозата, информираа епидемиолозите, е нотирана кај едно тригодишно девојче од Авганистан, кое е згрижено според медицинските стандарди за вакви случаи.

Од страна на епидемиолозите и инфектолозите, лекаркиот тим во ПТЦ Гевгелија доби насоки за понатамошни постапувања и превенција од појава на ширење на заразното заболување.

При денешниот увид беше констатирано дека генерално хигиената во ПТЦ се одржува редовно и оти се наоѓа на задоволително ниво, а беше извршена и дезинфекција на површина од 1.250 метри квадратни.

Моментно во ПТЦ Гевгелија има 100 мигранти, а во надворешниот предприемен шатор уште 153 кои успеале нелегално да ја минат границата и кои по извршената проверка од страна на МВР се враќаат во дивиот бегалски камп во Идомени каде се уште според слободна проценка има десетина илјади бегалци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top