| четврток, 6 декември 2018 |

Најдобриот вторник во годината е денеска, еве што да направите

Народното верување вели дека оние што ќе се оглушат на ова едноставно правило, му се спротивставуваат на Бога и на Хростос и нема да им оди во животот.

vtor-den-veligden

Овој вторник е свет или воскресен, вториот ден по Велигден, кога продолжува славењето на најголемиот христијански празник. Тој се слави и во црквите и во домовите исто како и неделата и понеделникот.

Овој вторник во народните верувања е најдобриот вторник во годината. Во некои села се прават свадби, зашто се верува дека така ќе им се пренесе на младите благодатот.

Според преданието, во недела рано пред зори, Марија Магдалена, Марија на Јаков, Саломија и некои други жени заминале на гробот на Исус.

Големиот камен со кој бил затворен гробот, бил тргнат, а гробот празен. На каменот седел Господовиот ангел, со лице како молња и со облека бела како снег.

Стражарите-војници биле скаменети од страв, а тогаш им се обратил ангелот: „Не плашете се, зашто знам дека Исус распнатиот го барате. Не е тука, зашто стана, како што рече… Одете брзо, брзо и речете им на учениците Негови дека воскресна“.

Жените и збунетите стражари веднаш истрчале во градот за да јават што виделе, а народот многу се израдувал.

Единствено што треба да почитуваат верниците овие три дена е тоа, да се радуваат и да шират радост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top