Денеска малку по 12 часот на стариот пат Тетово – Скопје, кај Добарски подвозник, автомобил „хјундаи“ загубил контрола, удрил во бетонскиот столб и се превртел, при што М.М (38) од Тетово на пат кон тетовската болница починал од здобиените повреди.
Според првичните информации, возачот (31) Р.М од Тетово се здобил со тешки телесни повреди на главата и при укажаната помош во тетовската болница итно е префрлен на скопските клиники.
Во моментов трае увидот од јавниот обвинител и екипа СВР Тетово околу причините за оваа тешка сообраќајна несреќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст