Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за 0,5 денари, односно за денар, а на дизелот за три денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Половина денар поскапува „еуросупер БС 95“ и литар ќе чини 62,50 денари, а за денар се зголемува цената на „еуросупер БС 98“ кој ќе се продава за 64,50 денари за литар.
Новата цена на литар еуродизел и на екстра лесно масло за домаќинство е повисока за три денари и ќе изнесува 47 денари, односно 35,5 денари.
Зголемување од 1,604 денари за килограм, според одлуката на РКЕ, има кај малопродажната цена на мазутот М-1 НС, кој ќе се продава за 18,535 денари.
Во просек, зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати, изнесува 5,27 проценти.
РКЕ ја донесе одлуката за промена на цената на горивата врз основа на просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите две недели, како и одност на курсот на денарот во однос на доларот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


