Едно лице загина, а петмина се повредени во сообраќајната несреќа што се случи вчера наутро околу 06.30 часот на магистралниот пат Битола-Ресен. До несреќата дошло кога В.Ј. (26) од Скопје, управувајќи патничко моторно возило „фиат стило“ со гостиварски регистарски ознаки, загубил контрола над возилото, удрил во заштитните еластични огради од левата и од десната страна и излетал од коловозот.
Од здобиените повреди В.Ј. починал на местото на настанот, додека сопатниците Д.К. (24) и В.М. (26) од Скопје, М.Т. (26) и М.З. (21) од Битола и С.Д. (21) од Гостивар, се здобиле со телесни повреди. По укажаната медицинска помош во ЈЗУ Ресен, тие се префрлени во битолската болница.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од ПС-Ресен. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


