| четврток, 6 декември 2018 |

Самофотографирањето од вежбалница е психички проблем

teretana

Ново истражување на Универзитетот Брунел во Лондон изнесе интересни податоци, кои многумина би сакале да ги прочитаат.

Во студијата се вели дека честото споделување фотографии додека вежбате е психолошки проблем.

Популарниот автопортрет најчесто се објавува на социјалните мрежи „Фејсбук“ или на „Инстаграм“.

teretana 2

– Луѓетошто постојано се фалат со фитнесот имаат тенденција да ги истакнуваат нарцисоидните особини. Тоа е израз за психолошко нарушување кога луѓето доживуваат задоволство од восхитот на другите. На тој начин тие го хранат своето его со „лајкови“ и со коментари – пишува во истражувањето.

Истражувањето опфатило 500 испитаници кои користат социјални мрежи, а меѓу нив преовладувале и „позерите од фитнес-центрите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top