Има многу верзии за воскресението Исусово, многу прикаски кои создаваат една чудесна симфонија, еден голем и комплексен мозаик, каде секое камче, секој сегмент од таа гигантска композиција раскажува за цел еден универзум од контексти и влијанија, и сите тие се слеваат во големата историја за цивилизацијата.
А, што е цивилизацијата, освен една континуирана кулутра на преживување и освестување.
Но, најмногу од сѐ, воскресението е артикулација на вечноста, која е содржана во љубовта како еден можен утешителен аспект, но не формален и палијативен, туку суштински и реален. Зошто пред ова чудо и оваа порака, пред тоа немало нешто слично на ова? Или имало?
Да се потсетиме на птицата Феникс, која се раѓа и „воскреснува“ од сопствената пепел. И Исуса Христа го распнаа и убија и тој по три дена повторно оживеа. Но овој пат, во една префинета верзија, во продуховена вибрација, конкретен, но како од светлина создаден. Ах, вечност, ах, совршенство!
Во древните митологии, какви беа сумерската, асирската, вавилонската, египетската, индиската, персиската, секаде постои некоја централна приказна, поврзана со чудата на воскресението и вечноста, но секаде структурите на овие имагинариуми се наивни и надреални, непоткрепени со реалниот живот и логиката, но, кај Христа, ова е навистина една реалистичка сторија, убедлива и вистинита, и покрај неверојатниот епилог.
Но дури и тој аспект е предвиден во новозаветното предание. Имено, секое Евангелие, без оглед на одредени ситни или, за некого, доволно крупни отстапки, за да бидат сто отсто синхрониски, релевантни сведоштва, гледаме едно константно искушување и преиспитување на потеклото Исусово, еден континуиран обид за негација на неговиот вистински идентитет, на неговата мисија и порака.
Скептиците се насекаде околу него. Тие напаѓаат од сите позиции на системот, на тој морничав окупациски и робовладетелски поредок, подобен на најцрната тиранија, која можела да биде воспоставена во сферите на општеството, на било која човечка заедница, без оглед на тоа, дали се работи за антиката од првиот век од нашата ера или, пак, за некое напредно и технолошки супер изобразено футуристичко време, но, можеби и за совремието, за ова наше доба?
Евангелијата сосема убедливо ги идентификуваат и бележат настаните, нивната генеза, целата комплексност на односите околу Христа и сите интеракции, кои се создаваат како резултат на вознемиреноста од вистината, која ја говори и претставува Месијата.
Непријателставата доаѓаат и од владетелите, и од робовите. Но ситуацијата не е така едноставна.
Окупаторите – Римјаните, чија моќ е еманирана во гувернерот на Јудеја – Понтиј Пилат, имаат еден јасен интерес за доминација и експлоатација, а за да се остварува оваа состојба, потребно е да се одржуваат, во апсолутна покорност, поробените заедници.
Затоа, по принципот на соработка со окупаторот, поразените елити се реорганизираат во сатрапски структури, кои понатаму ја имаат локалната власт, која ја одржуваат преку механизмите на културата и религиозната традиција. Затоа, тука го имате Ирод, како некаков псевдовладетел, еден локален крал без кралство, но и фарисеите и садукеите, свештениците и земјопоседниците – елитата на јудејското општество, кое продолжува да владее со народот под надзорот на моќниот Рим, кој премногу не го интересираат внатреплеменските афери, сѐ додека во провинцијата се почитува окупацискиот поредок и редовното плаќање на данокот.
Зар ова не ве потсетува на денешната состојба на современите општества на Балканот?
Чадорот е Рим, а садукеите и фарисеите се припадниците на поразената владејачка елита од времето на социјализмот. Токму таа елита, олицетворена во совремниот „Комуњарец“ е предвидена да се грижи за локалните афери под будното око и беспоговорната волја на окупаторот – Големиот брат – чадорот.
Но, нешто не штима. На сцената се појавува фасцинантен карактер, кој им го одзема шоуто на локалниве шерифи, а тие не можат по втор пат да бидат губитници. Затоа Исус повеќе им пречи од омразените окупатори, од Римјаните, и покрај сета герила (Зилотите), организирана токму од нив самите со цел да се ослободат од неподносливите господари и нивната безбожна ароганција и суета.
Нивните луѓе се насекаде и демнат. Тука е и Јуда – предавникот, вметнат во самото јадро на дружината на омразениот подвижник, што се нарече – Месија – „ух, каква дрскост“ – се ужаснуваат биготните пуританци од Синедрионот, садукеите и фарисеите, на чело со првосвештеникот Каифа.
Конечно, сите се збунети, освен неколкумина верни, но немоќни луѓе, дури и кога се работи за Јосиф од Ариматеја и праведниот Никодим – членови на Синедрионот (нешто како Светиот Синод на Храмот Соломонов).
Во таков амбиент на тотално непријателство и злоба, најправедниот и најдобриот завршува на крстот во ужасни маки. И, секако, овој свет би бил бескрајно злобен и неподнослив, прикаската да завршеше на ова ниво.
Но прикаската никогаш нема крај, зошто таа е одраз на бесконечното време и простор. Така воскресението станува неминовност. Така животот станува вредност, без оглед на кое ниво тој се одвива.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст