Поголема група лица го демолирала ноќта кон неделата битолскиот ноќен клуб „Расчекор“ при што било нападното и обезбедувањето на локалот, за што на осомничените им е одреден осумдневен притвор, објави „Макфакс“.
Инцидентот се одиграл околу 2,15 часот по полноќ во неделата кога поголема група лица дошла пред локалот на улицата „Партизанска“ во Битола, од засега неутврдени причини со различни предмети, метални шипки, стаклени шишиња и чаши започнале со демолирање на клубот, а гостете и персоналот во паника го напуштиле објектот.
Присутното обезбедување од агенција за обезбедување, при обид да бидат спречени, исто така биле физички нападнати од учесниците во насилството со тупаници и клоци, како и со стаклени шишиња, чаши и метални палки.
Со насилството предизвикана е материјална штета која се проценува на околу 100.000 денари, известуваат од битолската полиција.
Во врска со инцидентот, од страна на судија на претходна постапка, одредена е мерка притвор во траење од осум дената за Ѓ.Т.(36), Ѓ.Ф.(23), А.А.(36), К.И.(21) и Б.С.(29) сите од Битола, а поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „насилство“, „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, и „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.