| четврток, 6 декември 2018 |

Пипер-вода е новиот хит пијалок за слабеење

Ова е еден од најдобрите напитоци кои можете да ги пиете за добро здравје, а природна последица ќе биде намалувањето на килограмите, пишува мнд.мк

За пипер-водата се вели дека е еден од најдобрите напитоци со кој ќе ги намалите килограмите и ќе се ослободите од различни здравствени потешкотии.

ЧУДОТВОРЕН ЗАЧИН: Користете го БАШ секој ден, го имате сите по дома, а не сте свесни дека е ЧУДО ОД ЛЕК!

Пипер – водата е богатство од вкусови, а во древна Индија имала голема важност, бидејќи придонесувала за подигнување на имунитетот. Исто така, може да се пие и како помош при лекување на дијабетес, а според некои истражувања, има моќ дури и при лекувањето на канцерогени заболувања.

Како се подготвува ПИПЕР-ВОДА?

Во сад ставете две шољи вода. Во водата ставете две лажички свежо сомелен црн пипер. Потоа загрејте ја водата, додадете прстофат сол и две ливчиња од ружа.

Процедете ја содржината и испијте дури е сеуште топла! Овој моќен напиток може да се пие и ладен, а се препорачува да се пие два пати дневно.

За што е добра пипер – водата?

1. Ви дава енергија – ако поради горештината летно време ви недостасува енергија, обавезно конзумирајте го овој напиток.

2. Ја спречува опстипацијата – 2 чаши дневно ја омекнува столицата.

3. Ја попречува дехидратацијата – дихидратацијата е причинител на многу здравствени проблеми. Зато се препорачува да се пие овој напиток наутро и навечер.

4. Помага при слабеење – со оглед дека течноста е лута, помага при согорување на калориите.

5. Го намалува чувството на глад!

6. Го забавува процесот на стареење.

7. Го спречува дијабетесот – доколку се навикнете да пиете по две чаши пипер-вода дневно, вашиот метаболизам и имунитет ќе бидат беспрекорни!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top