Даниел Кајмакоски ја доби првата турбо фолк задача во „Твоето лице звучи познато“. Во деветтата епизода од третата сезона на шоуто, 32-годишниот македонски пејач влезе во улога на Шабан Шаулиќ.
Кајмакоски успешно се трансформираше во српската музичка ѕвезда и ја изведе песната „Danima te čekam“.
-Маската беше одлична. Со оглед на тоа што Даниел пее забавно, ова беше повеќе од очекуваното“ – коментираше Владо Георгиев.
Кајмакоски следната недела ќе се обиде да го имитира Принц.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.