| четврток, 6 декември 2018 |

Еден загинат, тројца повредени во тешка сообраќајка кај Кавадарци

фото: „Дневник“

Еден патник загинал, а тројца се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила попладнето на патниот правец Кавадарци – Возарци.

Повредените биле префрлени во болницата во Кавадарци, јави „Дневник“. При извлекувањето на повредените учествувале и пожарникари. Во несреќата учествувале „форд фиеста“ и „сеат ибица“. Полицијата и истражен судија вршат увид на терен за да ги утврдат причините за несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top