Марјан има 17 години и оштетен вид. Носи наочари со голема диоптрија. Во мај треба да прави операција на очите во Србија. Се им било закажано, парите биле собрани, ама Марјан го нема. Вакво нешто првпат ни се случува. „Марјан има проблем со ориентацијата заради оштетениот вид, ама секогаш се враќал дома“, вели Вики.
Тој последен пат бил виден во Градскиот трговски центар, со напис пред себе, со апел за помош за пари за неговата операција. Тогаш ѝ се јавил на мајка му, рекол дека доаѓа, и оттогаш го нема. Мобилниот му е исклучен. Пред два дена им јавиле дека Марјан бил виден на автобуската станица во Ресен, но додека дошла полицијата, Марјан пак го снемало.
Родителите и роднините на Марјан повторно апелираат до сите граѓани, ако го видат детето веднаш да се јават, овојпат на нивниот телефон 075 837 047. Досега го остававме бројот на полицијата, ама како што гледате, немаме никаква помош од нив, вели Вики.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст