| четврток, 6 декември 2018 |

Нови воздушни напади врз Алепо

алепо

Нови воздушни напади беа извршени во северниот сириски град Алепо во момент, кога американскиот државен секретар Џон Кери бара начини во Женева за ставање крај на насилството.

Над 250 цивили, меѓу кои околу 50 деца, се убиени од обновувањето на насилството во Алепо на 22 април, од кои повеќето загинале во воздушни напади на сириската авијација, во нарушувањето на прекинот на огнот, кој стапи во сила на 27 февруари на иницијатива на САД и Русија.

Режимот на претседателот Башар ал Асад ги контролира западните региони на Алепо, а бунтовниците источните делови на овој втор по големина град во Сирија, кој е поделен од 2012 година и е главно бојно поле во сириската војна. По мирниот ден вчера во источните делови, воздушните напади се обновени по полноќ. Нападнати се повеќе квартови, меѓу кои и густо населениот Бустан ал Каср. Засега нема информации за жртви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top