| четврток, 6 декември 2018 |

Овие два хороскопски знака ќе имаат најмногу среќа во мај: Проверете дали сте вие?

Бик

Kaриера и пари: Сонцето, кое ќе биде лоцирано во бик, ќе ви ја зголеми виталноста и самодовербата и ќе оставите добар впечаток на сите. Овој месец ќе носите правилни одлуки на професионално поле, а тоа ќе ви ја подобри и финансиската состојба. Можно е службено патување.

Здравје: Овој месец ќе имате повеќе сила и ќе се чувствувате енергично. Но, сепак, бидете внимателни, бидејќи можни се и сезонски настинки. Состојбата ќе се подобри во вториот дел од месецот.

Љубов: Марс, кој ќе биде л

оциран овој месец во бик, ќе ви донесе многу причини за засоволство. Доколку не сте во врска, ќе имате можност месецов да го смените тоа, со тајна врска на почетокот. А доколку се во врска, тогаш очекувајте зацврстување на и онака цврстата врска која ја имате.

Совет: Забавувајте се што е можно повеќе!

 

Вага

Кариера и пари: Maj ветува креативно исполнување од професионален аспект. Ќе имате оригинални и иновативни идеи со кои ќе ги промовирате вашите замисли. Последната недела од мај ќе ви биде најперспективна и со најмногу успеси.

Здравје: Во првите две недели од мај, внимавајте на настинките кои демнат. Во последната недела очекувајте виталноста да ви се врати, бидејќи планетата Марс – планетата на енергијата, ќе биде лоцирана во вага.

Љубов: Добри вести! На 3ти мај Венера ќе влезе во вага и во куќата на паровите, и ќе остане сѐ до 29ти. Доколку не сте во врска, ова е дефинитивно најдобриот период да ви се насмевне среќата, а доколку сте во врска, веројатно ќе имате пријатен однос со партнерот. Но, внимавајте, кон крајот на месецот можат да се случат работи за кои не очекувате.

Совет: Избегнувајте да донесувате важни одлуки во првите две недели од мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top