| четврток, 6 декември 2018 |

Таа нема за леб, но има достоинство. А што имаш ти, госпожа?

Децата ѝ се смеат, госпожите се згрозуваат од неа, џганот се трга како да е лепрозна, но таа жена не е обичен сиромашен жител на Ваљево, таа е достоинствена

starica

 

Српските медиуми експресно ја раширија приказната на една девојка од Ваљево, која шокирана и погодена од случајната средба со една баба, емотивно ја преточила во Фејсбук статус. Ви ја пренесуваме во целост.

Пекарницата преполна, чекам ред, луѓето се враќаат од работа, децата од училиште, подеднакво сите убиени во поим, подеднакво свесни само на моментот кога им се моча и кога се гладни.

Во еден момент влегува стара баба. претура по торбата, вади кеса, во кесата ситно, динар, два, брои, со озарено лице, бидејќи сфаќа дека за тоа нешто има пари и ЉУБЕЗНО ја замолува продавачката да ѝ одговори на прашањето: „Имате ли можеби денеска, се извинувам“. Продавачката одговара дека го нема тоа нешто.

Сите молчат, никој не се прашува што ли бара. Никого не го интересира, забога, дошла во пекарница по храна не по дрога, и тоа си цркавица!

Бабичката поаѓа кон вратата и вели: „Ви благодарам, можеби останало некаде“.

Ја прашувам продавачката што сакаше госпоѓата, а таа ми вика: „Бајат леб, поевтин е бајатиот“.

Децата ѝ се смеат, госпожите се згрозуваат од неа, џганот се трга како да е лепрозна, но таа жена не е обичен сиромашен жител на Валево, таа е достоинствена, вредна на сечија почит, а зошто?

Затоа што истрчав по неа да ја замолам да ѝ купам тазе леб, а таа не сакаше, затоа што се расправам со неа 20 минути и ја убедувам дека навистина сакам и таа посрамотено се согласува, НО ми ја бара адресата или да ѝ кажам место каде што кога ќе собере уште 20 динари, ќе може да ми ги врати, зашто може да ми затреба.

Купувам леб, излегувам, таа плаче и ме моли да ѝ простам што нема и ми ги тутка во џеб оние 20 динари, додека спроти нас, ваљевска краветина ја гледа од високо жената која може да ја научи што е човек со чист образ, зашто за леб не пита, зашто сакаше чесно да си ги плати своите основно потреби.

Госпоѓата баба ме фати за рака, ми ја стисна и потоа ме гушна и јас сум среќа поради тоа и таквите моменти во животот ми даваат сила да ме бидам заинтересирана за она што се случува околу мене туку секогаш да имам микро план како систематски да уништувам идиоти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top