Андреј Жерновски, градоначалникот на скопската општина Центар, нема право да ги стопира градбата и проектот „Скопје 2014“, велат од Министерството за култура на Република Македонија.

„Во врска со одлуката на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, за прогласување мораториум врз градбите од „Скопје 2014“, информираме дека градоначалникот на оваа општина нема правна основа да пропише каков било мораториум на изградбата на објектите кои се во надлежност на Министерството за култура“, се вели во соопштението од Министерството, и потоа додаваат: „Потенцираме дека за сите активности поврзани со градбите коишто преку Министерството за култура се реализираат на територијата на општина Центар се постапува во согласност со законските прописи во Република Македонија, а објектите се градат во согласност со добиените правосилни одобренија за градење“.
Жерновски веднаш штом го доби уверението дека е избран за градоначалник, го потпиша решението за запирање на сите активности поврзани со реализација на проектот „Скопје 2014“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Богдановиќ најави дека некои објекти од проектот Скопје 2014 ќе бидат дислоцирани
-
Ристески: Жерновски 4 години без срам и недомакински ги троши парите на центарци
-
За 4 години, со 100 милиони евра на центарци, Жерноски и СДС не успеаа да реализираат ниту еден ветен проект
-
Шерифите на Жерновски на тапет кај Јоци


