Станува збор за студентски работни места кои многумина не би ги прифатиле, но на некои не им пречи да чистат човечки коски од месо, да сецираат црви, да позираат со раширени нозе пред млади сликари…
Ова се дел од тие работни задачи:
– Пребарување по човечки коски- ПОстојат компании кои тешко наоѓаат работници, што не е чудно бидејќи се работи за броење и чистење на човечки коски; замрзнати или свежи, а на нив често има остатоци од месо. Освен што ги сортираат коските, вработените се задолжени за нивно чистење, сецкање и подготовка за испраќање во медицински установи. Платата не е наведена.
-Професионално плашило- За 15 долари на час, студенти помагаат на фармерите да ги бркаат птиците од посевите, бидејќи стандардите плашила не се доволни. работата се состои од трчање и скокање по полињата, викајќи и мавтајќи со рацете.
-Позирање пред уметници- Секако, без ниедно парче облека, бидејќи тогаш платата е поголема (иако не се наведува колкава е разликата). Понекогаш позираат со раширени нозе за уметниците да може што поверодостојно да ги нацртаат половите органи.
-Контрола на продажба на алкохол- За студентите оваа работа е „измислена“. Задолжени се да одат низ тровските центри како тајни купувачи и да проверуваат дали продавачите работат како што треба и според законот. На пример, дали се проверува полнолетноста на купецот. Потоа пишуваат извештаи и за тоа добиваат платакако и пијалоците кои ги купиле.
-Миење на удрени автомобили- Звучи чудно но таквите автомобили и нивните делови се продаваат, а трговците сакаат да бидат чисти, бидејќи чинат повеќе. Платата не е наведена.
-Позирање како џуџе- Оваа работа е актуелна зиме, околу Божик. Студентите се облекуваат како џуџиња или виленици и позираат околу Дедо Мраз. Работата не е лесна бидејќи треба да се излезе „на крај“ со многу палави деца.
-Улични свирачи или забавувачи- Ова и не е веќе меѓу најчудните работи, но им носи добра заработувачка на студентите.
-Сецирање на црви- Се работи за асистирање на научниците, за копање во земја и собирање црви кои научниците ги сортираат за да откријат какви црви постојат во светот. Студентите водат грижа и за измените на податоците на интернет, а понекогаш и за сецирање.
-Одење на филмски премиери- Супер работа за многумина. Студентите одат на премиери како тајни гледачи, да проверат минала премиерата, колку луѓе имало во салата, а потоа пишуваат извештај. Често имаат прилика да се дружат со познати ликови.
-Продажба на својата крвна плазма- Овој начин на заработка не е непознат и во регионов. Се вади одредено количество на крв од која потоа се двои плазмата, а потоа крвта се враќа назад на донорот. Плазмата помага во лекување на луѓе. Неделната заработка може да изнесува до 70 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Студентите три дена кампуваат пред „Стив Наумов“ и Кузман: Списоци има, домовите неспремни за вселување (галерија)
-
Земји во кои работната пауза е најдолга
-
Одбележани 67 години од убиството на петтемина струмички студенти
-
Измамени Mакедонци: Им ветувал работа во Германија – ги оставил без пари на улица