| четврток, 6 декември 2018 |

Милениум на надмоќ: Десет векови со светот владеат исти семејства

377773-ako-moite-sinovi-ne-sakaat-vojna-togash-nema-ni-da-ima.

Истражувањето насловено „Презимињата и социјалната мобилност во Англија 1170-2012“ кое беше објавено минатата година покажува дека припадници на исти семејства со векови се дел од кругот на 1 отсто најбогата класа во светот која контролира 90 отсто од светското богатство.

Група на автори од Лондонската школа за економија ги истражувале историските миграции на елитните британски семејства од 12 век до денеска а иако истражувањето се однесува само на оваа островска држава, тие тврдат дека „долгорочната врска на најбогатата елита со моќта“ се простира многу подалеку и можно е да се примени секаде во светот, пренесува Дневно.рс.

Авторите на истражувањето анализирале податоци за повеќе од 20 генерации на секоја фамилија – пописи од нивното образование, статус, имот, општествена моќ. Основната идеја била да се провери каде се овие семејства денеска – дали се издигнувале и се рушеле со царствата, дали со времето биле истиснати од други богати семејства. Практично, истражувачите се обидуваат да утврдат што се случило со нив.

Анализата на податоците покажала дека тие се таму каде што од секогаш биле, на врвот на светската моќ и богатство.

377774-ako-moite-sinovi-ne-sakaat-vojna-togash-nema-ni-da-ima.

Милениум на надмоќ

Од најраните записи од 1077 па се до 2012 година, семејствата кои биле вклучени во истражувањето се покажало дека се истите тие кои низ вековите останале дел од 1 отсто од најбогатата класа во англиското општество.

Ова можеби и не би било така необично кога Англија не би минала низ сериозни преврати и промени низ вековите. Припадниците на овие семејства ги преживеале социјалната и економската редистрибуција после индустриската револуција, издигнувањето на средната класа, сите средновековни битки, колонизацијата, двете светски војни.

rotsild

Истражувачите нагласуваат дека овде не се работи само за британското кралско семејство иако тоа семејство, логично, е дел од овој круг. Целокупната владеачка класа не се променила во последните 10 векови.

Ваквите, меѓусебно цврство врзани семејства, можат да се пронајдат во државите кои никогаш официјално немале благородништво. Најпознат пример е секако САД. Иако САД настана како држава на можности и на милионерите од кал, аристократијата постои и таму што се гледа во семејствата Кенеди, Рокфелер, Вандербилт кои доминирале во сферите како што се владата и индустријата од настанувањето на државата па до денес.

377777-ako-moite-sinovi-ne-sakaat-vojna-togash-nema-ni-da-ima.

Така што ако не се случи нешто толку големо како индустриската револуција, толку деструктивно како Втората светска војна или така длабоко како Културната револуција и сето тоа во исто време, нема да има никакви промени на масата на најбогатите и најмоќни поединци на планетата чии места се резервирани од пред десет векови.

Дополнително, за нивната моќ и влијание говори Гутле Шнапер Ротшилд, припадничката на можеби најбогатото и најмоќно семејство Ротшилд од 19 век на која и се припишува изјавата „Ако моите синови не сакаат војна, тогаш нема ни да има“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top