| четврток, 6 декември 2018 |

На фарма во Босна телињата се хранат со млеко со ванила, кравите се молзат со музика

Фарма во Босна и Херцеговина, во Тронопољ, е еден вид хотел за крави. Телињата се хранат со млеко со ванила, а додека се молзат кравите во позадина се слуша сериозна музика, пишуваат босанските медиуми.

Станува збор за модерна фарма на која се одгледуваат норвешки говеда. На фармата има 200 вработени.

Сопственикот на фармата е Јусуф Арифагиќ кој за време на војната во БиХ побегнал во Норвешка. Таму имал успешна фирма, се стекнал и со норвешко државјанство, но решил да се врати во татковината.

Сега тој е сопственик на една од најголемите и најсовремените фарми за музни крави. Фармата се протега на 7.300 квадратни метри. Темературата во шталите е седум степени и е ускладена со температурарта во Норвешка од каде потекнуваат и кравите. Кравите имаат свои простории, а телињата свои. Во креветите, кои личат на детски кревети се сместени телињата. Поголемите телиња се хранат на автомат со млеко каде добиваат дополнително млеко и тоа со арома на ванила. Откако ќе се нахранат, се одмараат на посебно направените седла од слама високи седум сантиметри.

Молзењето на кравите се одвива во просторија која е покриена со прекривачи од специјален еколошки материјал. Светлината во шталите се регулира со посебни завеси, кои по потреба се креваат и спуштаат.

За да се опуштат кравите и да дадат повеќе млеко, им се пушта музика. Месечно овие крави даваат 78 илјади литри млеко.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top