Сите што минатиот вторник ја посетиле веб-страницата на градската компанија „Погреб“, за да го проверат распоредот на закопи во Осјек, Хрватска, останаа шокирани. Место вести за починати граѓани, време и место на одржување на погреб, на страницата се појавиле слики со експлицитни сексуални односи, пренесува хрватскиот портал „Нет“.
Под порнографската содржина пишувало „Вака се сексаат мажените госпоѓи“ и слични описи на фотографиите со сексуален однос.
По неколку дојави од запрепастени граѓани, од страницата „Погреб“ сфатиле дека се хакирани, по што проблемот брзо бил решен.
Сепак, ова не е единствената афера на компанијата. Пред година дена еден погреб морал да биде одложен, бидејќи работниците ископале погрешен гроб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.