| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска и Унгарија бараат единствен одговор на мигрантските рути

migrantiХрватска и Унгарија се залагаат за единствен европски одговор на можни отворања на нови мигрантски рути, посочија шефовите на дипломатиите на состанокот во Будимпешта.

Министрите посебен акцент ставиле на усогласување на ставовите во врска со мигрантската криза и потребата од единствен одговор на сите членки на ЕУ во тој случај.

Теми на средбата биле и безбедносната ситуација во Југоисточна Европа, како и самитот на НАТО во Варшава, кога се менуваат основните поставки на евроатлантската безбедност. Затоа е потребно да се усогласат ставовите за потребата од измени за да може НАТО да одговори во спектарот на нови предизвици со кои се соочува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top