Велики петок е најтажниот ден во календарот на секој христијанин. Постојат неколку правила кои треба да се почитуваат на тој ден.
Традицијата вели дека Велики петок строго се празнува. Жените не смеат никако да земат игла во рацете, бидејќи се верувало дека ќе им излезат пликови по рацете. На овој ден не се гори оган, ниту се ври.
И леб не се меси на овој ден. народот верувал дека на овој ден најдобро е да се калемат овошки, бидејќи се што ќе се накалеми на овој ден, се фаќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.