Ниту еден претставник на Зодијакот нема да биде заобиколен од влијанието на помрачување на Месечината на 4. мај, а особено од ретроградниот Меркур кој се движи наназад од 28. април па се до 22. мај. Откријте како тие ќе делуваат на вашиот знак и дали ќе Ви донесат позитивни или помалку убави промени.
Овен
Во текот на месец мај припадниците на овој знак ќе бидат под големо влијание на планетата Марс, па поради тоа ќе бидат многу попосветени на случките во приватниот живот, отколку на кариерата, без оглед на тоа што ќе бидат вклучени во голем број проекти. Ќе бидете прилично независни, а повремено во вашето однеување ќе се јави доза на агресија. Потребно е да го следите својот пат, бидејќи не ви е потребна помошта на другите и ќе постигнете успех благодарејќи на напорната работа.
Работа: Ќе имате можност за нови работни проекти, но ќе бидете многу пребирливи кога ќе одлучувате дали и на кого ќе му се приклучите. Вам ви е битно да ве исполнува задоволството од работата која ја извршувате од материјален аспект. Ретроградниот Меркур, како и Јупитер ќе биде многу наклонет кон Овните кои во текот на мај ќе бидат во потрага по работа. Сепак, за време на помрачувањето на Месечината ситуацијата на работното место може да биде прилично нестабилна за припадниците на овој знак.
Љубов: Венера нема да биде особено наклонета кон Овните во месец мај, така што крупни одлуки како што се брак, деца или раскинување на врската би требало да се одложат за понатаму. Многу зафатени Овни ќе го преиспитаат својот емотивен однос. Еден од начините да го подобрите односот со вашиот партнер е да испланирате кратко романтично патување. Што се однесува до слободните Овни, тие во текот на мај ќе имаат можност за нова врска.
Здравје: Вашата здравствена состојба ќе биде повеќе од одлична, а многумина од вас ќе се чувствуваат перфектно и поради масажата и вежбите за дишење.
Бик
Сила за време на мај ќе ви даваат планетите сместени во источниот дел на вашиот хорокоп и ќе сторат да се чувствувате многу независно. Голема поддршка ќе добиете од своите најблиски, така што овој месец ќе биде одбележан од хармонијата во семејните односи. Воопшто, во текот на овој месец ќе бидете многу повеќе насочени кон приватниот сегмент на својот живот отколку што ќе ве интересираат работата или финансиите.
Работа: Големи се шансите да бидете вклучени во многу крупни и сериозни работни проекти во текот на мај. Иако ќе ја прифатите работата, таа потполно ќе ве исцрпи. Крајно време е да се одлучите во кој правец сакате да се движи вашиот живот и да се однесувате во склад со тоа, бидејќи е многу важно вашите лични интереси да бидат на прво место.
Љубов: Многу осамени Бикови ќе имаат големи шанси за нов романтичен партнер кој ќе го запознаат на работа или во кругот на пријателите. Одредени Бикови кои се во брак ќе се соочат со предизвици и ќе дојдат до извесни непријатности.
Здравје: Вашата здравствена состојба ќе биде прилично деликатна, бидејќи ќе бидете изложени на зголемен стрес, кој ќе биде предизвикан од работата.
Близнаци
Започнатите работи би требало да ги завршите пред 21. мај. Ќе бидете прилично борбени во остварувањето на своите планови, а пред секој предизвик би требало да се поставите дипломатски, бидејќи имате голема шанса да остварите големи планови кои се врзани за вашата работа.
Работа: Поради помрачувањето на Месечината припадниците на овој знак нема да почувствуваат негативни ефекти, па не треба да очекуваат промена на работното место. Меѓутоа, атмосферата на работа дефинитвно ќе ги промени, а во многу проекти ќе дојде до промена на планот и реконструирање.
Љубов: Одредени слободни припадници на овој знак би можеле во текот на мај да пронајдат нова љубов додека се обидуваат да ги извршат своите работни обврски или во академското опкружување, а некои од Близнаците би можеле да ја најдат среќата со личност која на некој начин е поврзана со здравството. Близнаците во сериозна врска би можеле да влезат во кавга со партнерот, бидејќи ќе посакаат повеќе слобода и време за себе. Доколку планирате дете, пред тоа би требало да го процените вашиот однос со партнерот.
Здравје: Иако веќе некое време планирате диета и повеќе вежбање, вашата одлука ќе биде измодифицирана. Не мора да правите драстична промена за да дојдете до саканите резултати.
Рак
Планетите ви се сконцентрирани во северната половина на наталната карта, што укажува на тоа дека ќе бидете максимално фокусирани на кариерата во текот на мај. Вие сте на највисоката точка на професионален план, а успехот на работа автоматски ќе ви донесе и лична и семејна среќа. Не зависите од другите за да ги остварите своите цели во животот, а овој месец Марс е на ваша страна за да остварите се што сте наумиле.
Работа: Ќе бидете посебно мотивирани да направите нешто и имате посебна сигурност да ги постигнете своите цели. Многу е важно да ја подобрите вашата самодоверба, што најдобро ќе го постигнете низ унапредување на личниот имиџ, бидејќи тој може да биде одлучувачки фактор во вашиот професионален развој.
Љубов: Шансите за вљубување на слободните припадници на овој знак се зголемуваат по 21. мај, бидејќи тогаш ќе имате повеќе време за романтични случувања. Раковите во брак и стабилни врски ќе бидат изложени на стрес поради секојдневните случувања, па нема да имаат доволно време за љубов. Помрачувањето на Месечината на 4. мај укажува на доаѓање на дете во семејството. Семејните Ракови може да очекуваат помали проблеми со децата.
Здравје: Ќе бидете во одлично здравје, а поради влијанието на Марс на вашиот знак ќе бидете повитални отколку обично. Раковите кои професионално се занимаваат со спорт и оние кои редовно вежбаат може да очекуваат многу успешен месец.
Лав
Во текот на месецот ќе бидете повеќе фокусирани на работата и финансиите отколку на приватниот живот и семејството. Работната ситуација ќе се одвива одлично, бидејќи токму во мај вашата кариера ќе го достигне врвот. Источната и западната страна на наталната карта се речиси потполно избалансирани. Потребно е да ја одржите вашата независност и да се послужите со вербалните вештини за да ги остварите во целост амбициите.
Работа: Многу е можно вашата работа и работното опкружување да бидат нестабилни во текот на мај, а ќе има и големи промени во организациската структура. Службените патувања се прилично извесни. И покрај тоа, воопшто не треба да се грижите за својата позиција, бидејќи напредокот во кариерата е одличен. Ќе добиете шанса да ги усовршите своите вештини и да стекнете нови знаења.
Љубов: Слободните Лавови често ќе излегуваат во текот на месец мај и ќе се движат во разни друштва, па ќе имаат и голем број шанси за запознавање интересни личности. Шансите за влез во нова врска е зголемуваат по 21. мај, меѓутоа тој однос нема да биде сериозен, бидејќи вас во моментот најважно ви е добро да се забавувате. Зафатените Лавови ги чека бурен период со партнерот, па ова не е добар момент за планирање потомство, а вашиот партнер нема да има голема потреба за физичка интимност.
Здравје: Ќе мора да поведете сметка за своето здравје до 20. мај. Неопходно е редовно да вежбате, но и доволно да се одморате за да ви се зголеми нивото на енергија.
Девица
Припадниците на овој знак ќе бидат фокусирани на кариерата во текот на мај, бидејќи планетарните аспекти за работа се моќни додека оние за семејство се слаби. Некои семејни прашања едноставно ќе мора да ги оставите на страна. По 21. мај ќе се почувствувате послободни, па ќе може да остварите некои лични планови. Помрачувањето на Месечината би можело да загрози некои пријателства, како и да донесе потешкотии во професионалниот живот. Може да се појават помали проблеми со членови од семејството и соседите, а студентите ги очекува драстична промена во школувањето.
Работа: Вашата кариера е во зенитот во текот на мај, па ќе имате голем број можности да напредувате во професионална смисла. Може да очекувате подобрување што се однесува на финансиите, но и подобра позиција на работата која моментално ја работите.
Љубов: Слободните Девици имаат голема шанса да запознаат потенцијален партнер во работното опкружување, а ќе имаат и помош од својот претпоставен или член на семејството за оваа романтична приказна да заживее. Девиците кои се во брак или врска треба да се подготват по 17. мај за предизвици и да допуштат нивниот однос со партнерот полека да се развива. Припадниците на овој знак кои планираат принова не треба да брзаат кон реализацијата на тој план, бидејќи неопходно е прво да го сфатат својот партнер.
Здрaвје: Ќе бидете прилично чувствителни, па поведете сметка за своето здравје по 19. мај. Потребно е редовно да вежбате за да останете во форма, но и да не го занемарите фактот дека треба да пиете доволно вода.
Вага
Припадниците на овој знак во мај ќе имаат големо професионално напредување, но само доколку се подготвени на голема заложба. Мора да бидете внимателни, но ситуацијата многу зависи и од одлуката која ќе ја донесете. Ова не е време кога треба да бидете независни, ниту треба да искажувате агресија. Неопходно е да бидете флексибилни и да се прилагодувате кон моменталната ситуација, ако сакате да напредувате во животот. По 21. мај ќе има можности за пат во странство каде што би ги унапредие вашите знаења и вештини.
Работа: Ќе биде почувствувано значително влијание на помрачувањето на Месечината на вашата кариера. Ќе дојде до големи промени кои ќе се одразат на вашата кариера, без разлика дали вашиот статус на работното место ќе се промени или пак ќе почнете да се занимавате со работа која досега никогаш не сте ја работеле. Постоечки контакт, но и личност која сега ќе ја запознаете ќе ви биде од голема помош за да ја зацврстите својата работна позиција.
Љубов: Слободните Ваги можат да очекуваат нова љубов на работното место, дури не е исклучена ниту романса со некој претпоставен. Зафатените припадници на овој знак ќе бидат прилично окупирани со работа, така што ќе се обидат да одржат баланс и хармонија помеѓу професионалниот и приватниот живот, а партнерот во тоа ќе им пружи огромна поддршка.
Здравје: Нема да имате никакви здравствни проблеми, но ова е идеален период кога би можеле да го исчистите организмот од токсини и да се ослободите од лошите навики, особено ако сте пушач.
Шкорпија
Родените во овој знак во текот на мај ќе мора да се фокусираат на важни работи и воопшто да не трошат време на небитни работи. Личните амбиции ќе бидат во втор план, ќе мора многу да се прилагодувате на чувствата на другите, бидејќи вашиот успех најмногу ќе зависи од нив, а не од вас лично. Најважно е да бидете отворени и многу флексибилни во однос на вашата околина. Многу е можно и вашиот изглед и однесување да доживеат преобразба во текот на овој месец.
Работа: Ќе се појават извесни предизвици во вашата кариера, но ќе успеете да ги надминете благодарејќи на професионалните вештини. Од голема помош ќе биде вашата креативност, бидејќи ќе успеете да ги пренесете своите идеи на професионалните соработници кои ќе ви пружат поддршка. Исто така трба да ги искористите вашите комуникациски вешитни за да ги мотивирате колегите.
Љубов: Ќе има повеќе можности во текот на мај за слободните Шкорпии да започнат нова врска, а многу од нив партнерите ќе ги запознаат преку близок пријател или преку Интернет. Голем број Шкорпии кои се во врска ќе го преиспитаат односот со партнерот, а дури по 19. мај ќе им стане појасно што навистина сакаат. Припадниците на овој знак во брак би можеле да имаат помали проблеми, бидејќи не секогаш ќе може да ги совпаднат приватните со работните обврски. И покрај тоа, мај ќе биде исполенет со страсни моменти, а кај одредени Шкорпии ќе се зацврсти желбата за дете.
Здравје: Ќе бидете во одлична здравствена состојба и ќе пукате од енергија. Сепак, не заборавајте секојдневно да издвоите малку време за вежбање.
Стрелец
Во текот на мај Стрелците ќе се соочат со големи предизвици кои ќе настапат поради планетарните аспекти, затоа опуштете се овој месец и сочувајте ја енергијата за во иднина. Не е најдобар момент да бидете претерано самоуверени. Во вашата натална карта Јупитер оди напред, така што кариерата и личните амбиции ќе ви бидат најважни, што не се однесува и на емоционалниот аспект.
Работа: Голем број припадници на овој знак би можеле во текот на мај да добијат можност за нова работа. Вработените Стрелци би можеле да очекуваат краткорочни турбуленции на работното место. Пред да започнете нов проект или да ја прифатите новата работа, одлуката донесете ја врз основа на истражувањата кои ви се достапни.
Љубов: Слободните Стрелци новиот партнер би можеле да го најдат на секој чекор – на работа, во своето друштво, во клуб, дури во странство. Љубовта ќе стане моќна сила за вас по 21. мај. Зафатените припадници на овој знак би можле да очекуваат кон крајот на месецот помали кавги со партнерот, но и покрај тоа, ова е одличен месец за планирање проширување на семејството.
Здравје: Вашето здравје би можело да стане кревко, па би било добро да најдете начин како доволно да се опуштите и да ја сочувате виталноста, бидејќи во спротивно стресот ќе го направи своето.
Јарец
Во текот на мај на Јарците професионалната сфера од животот ќе им биде во втор план, бидејќи ќе се посветат на постигнување на емоционална сила и решавање на домашните проблеми. Повеќето планети се сконцентрирани во западниот дел од наталната карта. Ќе мора да се прилагодите кон другите и да барате соработка, бидејќи вашата независност ќе биде занишана во текот на ретроградниот Меркур.
Работа: Ова е повеќе од пркрасен период за Јарците, кои се во потрага по работа. Голема помош по тоа прашање им пристигнува кон првата недела на мај од некој член на семејството. Ќе бидете во финансиски незгоди по 21. мај, но на тоа не треба да дадете големо значење, бидејќи ќе биде краток период и нема да му пречи на вашето нормално функционирање.
Љубов: Припадниците на овој знак ќе чпочуствуваат значително влијание на Марс на емотивен план. Осамените Јарци ќе сакаат по било која цена да влезат во врска, но ако го остварат тоа, бидете спремни дека брзо ќе дојде до нејзино завршување. Зафатените Јарци пред се на ум ќе го имаат сексот, а кај некои од нив е можна бременост. Бидете нежни кон својот партнер, за да ги одбегнете шансите за несогласувања.
Здравје: Ќе бидете во одлична здравтвена состојба, а вашата потреба за вежбање ќе ви биде од голема помош за да се чувствувате феноменално.
Водолија
Иако Водолиите во текот на мај ќе бидат преокупирани со приватната сфера од животот и решавање на емотивни проблеми, тие ќе стигнат и да се посветат на напредокот во кариерата во текот на мај. За да ги остварат своите цели, неопходно е напорно да работат, но и да бидат полни со самодоверба. Дури ќе имаат потреба и за малку поагресивен настап. Помрачувањето на Месечината може да им ја поремети рамнотежата во животот, така што ќе мора дополнително да се прилагодуваат за разлика од вообичаеното, но тоа ќе се покаже како добро за напредокот во животот.
Работа: Ќе дојде до големи трансформации во рамки на фирмата во која сте вработени, а тоа ќе има влијание врз вашата кариера. Можно е да бидете преместени на друго работно место или дури и да почнете да работите некоја потполно нова работа.
Љубов: Слободните припаднции на овој знак ќе имаат неколку романтични можности, но ниту една од тие личноти не им се чини доволно добра за некоја посериозна приказна. Зафатените Водолии ќе имаат помали конфликти до 21. мај со партнерот, но затоа последната недела од мај им е резервирана за хармонија и забава со нивната втора половина.
Здравје: Ќе бидете загрижени за својата здравствена состојба до 21. мај, но работите можат да се поправат со добра исхрана, ригорозно вежбање и подобрување на квалитетот на сонот.
Риби
На родените во овој знак работната сфера треба да им биде приоритет во текот на мај. Поради ретроградниот Меркур овој месец може да биде полн со предизвици за вас, така што во корен би требало да исечете некои проблеми кои би можеле да се претворат во поголеми потешкотии во иднина. Неопходно е да ја сочувате физичката виталност, но и емоционалната сила.
Работа: Ова ќе биде месец на стагнација во кариерата. Би било паметно мај да го искористите за правење планови за нови проекти кои би можеле подоцна да ги реализирате или да смислите начин како да го подобрите своето работење. Со оглед на тоа дека финансиската ситуација ви е повеќе од стабилна во текот на целиот месец, нема зошто да се грижите.
Љубов: Слободните Риби имаат големи шанси да запознаат нова љубов помеѓу 5. и 19. мај во нивната непосредна околина или во образовните институции. Исто така, членовите на семејството ќе ви помогнат да запознаете интересна личност. Зафатените Риби би можеле кон средината на месецот да се соочат со помали предизвици, бидејќи ќе бидат посветени повеќе на работата и семејството отколку на партнерот. Сепак, не е исклучено ниту планирање бременост кај некои припадници на овој знак.
Здравје: Ќе се чувтвувате добро до 21. мај, така што препорачливо е да преземете одредени мерки на превенција, како лекување со народна медицина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.