За продолжениот велигденски и првомајски викенд приватните угостители и комерцијалните објекти во Дојран се максимално подготвени да ги пречекаат гостите што треба да пристигнат во попладневните часови, изјавија од Туристичкото биро во Дојран.
– За претстојниот празничен викенд не може да се најде слободен кревет, а по наша процена на дојранското крајбрежје ќе претстојуваат од 12 до 15 илјади гости од земјава и странство. Во приватното сместување креветите се издаваа по 300 денари, а апартманите од 1.000 до 1.500 денари, додека, пак, во хотелите ноќевање со појадок чини од 1.200 до 1.500 денари. Сите капацитети се веќе пополнети и Дојран е подготвен да ги прими првите гости – рече раководителот на Туристичкото биро, Перо Митаноски.
Дојран како град на културата, како што истакна Митаноски, посебно се ангажира околу забавата за младите, кои се очекуваат во голем број.
– Од утре до понеделник преку ден и во вечерните часови ќе се организираат журки на плажа со познати диџеи од Македонија, Грција и Бугарија – додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Втор ден хаос за туристите во Грција
-
180.000 туристи блокирани: До најпопуларните грчки острови денеска нема одење, прашање е кога ќе може
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Голема несреќа на Хаваи: Туристи повредени откако вулканска лава погодила брод