| четврток, 6 декември 2018 |

Привремен сообраќаен режим во Кисела Вода

Центарот за управување и за контрола на сообраќајот на Град Скопје, ги известува сите учесници во сообраќајот дека денеска во временски период од 10 до 20 часот и на 03.05.2016 година (вторник) од 13 до 20 часот, поради  градежни активности на објект на булеварот „Борис Трајковски“ ќе биде воведен привремен сообраќаен режим.

Една сообраќајна лента од булеварот „Борис Трајковски“ во близина на автобуската постојка кај објектот во градба (што се наоѓа на местото на старата фабрика за сапуни „Цветан Димов“) ќе биде означена со соодветна сообраќајна сигнализација и ќе биде воведен времен сообраќаен режим и тоа во насока на движење од Кисела Вода кон Центар, а ќе важи до завршување на градежните активности.

ЦУКС апелира до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно прилагодувајќи ја својата брзина на движење според условите на патот особено кога се движат кон овој потег.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top