Новинарот Зоран Божиновски е изнесен пред судија во претходна постапка во Основниот суд-Скопје.
Тој минатата недела беше уапсен во Нови Сад по налог на српското Министерство за правда по меѓународна потерница, распишана во ноември 2013 година и веднаш екстрадиран во Македонија. Божиновски е еден од обвинетите во случајот „Шпион“.
Кон крајот на 2014 година беше изречена пресудата за овој случај. Петнаесет години казна затвор доби првообвинетиот во случајот, поранешниот разузнавач Марјан Ефремов. Горан Стојков, поранешен генерал, заработи затворска казна од девет години, а се товари освен за злосторничко здружување и изнуда и за недозволено држење и трговија со оружје.
Освен за шпионажа и за одавање државна тајни, дел од обвинетите се товареа за злосторничко здружување, уцена, изнуда, измама и злоупотреба на службената положба.
Божиновски се наоѓа во Истражниот суд во Шутка, и денеска за прв пат е изнесен пред суд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сашо Мијалков останува во притвор
-
Судот одлучи: Министерството за култура погрешно постапило поништувајќи го Конкурсот за откуп на музички дела за 2017 година
-
Власта преку судот се изживува врз Јанакиески и Божиновски – тврди адвокатот Миланов!
-
Мијалков бара јавна седница во скопска Апелација за притворот