| четврток, 6 декември 2018 |

ВАДА соопшти: Руските спортисти најмногу се допингуваат

vada

Светската антидопинг агенција (ВАДА) соопшти дека во 2014 година руските спортисти биле најголеми допинг престапници во светскиот спорт. Според извештајот на ВАДА, 148 руски спортисти биле позитивни на недозволени стимулативни средства во 2014 година. Зад Русија се Италија со 123 допинг случаи, Индија со 96, додека Франција и Белгија имале по 91 случај. Турските спортисти имале 72 позитивни тестови на допинг, Австрија и Kина по 49, Бразил 46, а Ј.Кореја 43.

По спортови најголем број прекршоци има во атлетиката (248) и во бодибилдингот (225), а потоа во велосипедизмот, во кревање товар, фудбал, борење, рагби и во пливачките спортови.

Русија, која беше втора земја после САД по бројот на освоени медали на Олимписките игри во Лондон во 2012, суспендирана е од сите меѓународни атлетски натпреварувања, после изјвештајот од ВАДА за наводниот системски допинг на спортистите што го покривала државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top