| четврток, 6 декември 2018 |

Села: Од денеска сум градоначалник на сите граѓани на Струга

Зијадин Села од денеска и официјално е новиот градоначалник на Општина Струга.

Во своето обраќање тој рече дека во наредниот четиригодишен мандат ќе биде градоначалник на сите граѓани на Струга, без разлика на нивната национална, верска или каква било друга припадност.

– Се надевам и пожелувам и во иднина, во ваква атмосфера како што денеска ја примам функцијата, да бидат и изборите. Во ваква атмосфера да славиме бидејќи изборите се за доброто на граѓаните, а не се ден кога граѓаните треба да бидат исплашени и уценувани. Јас сум од денеска градоначалник на сите граѓани на Струга и овој мандат ќе го искористам за доброто на сите без разлика на нивното етничко, политичко и верско убедување. Се надевам дека по четири години Струга ќе ја гледаме во поинаква слика, истакна градоначалникот Села.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top