| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓаните едногласни, бараат хулиганите што уништуваа споменици да ја платат штетата

Граѓаните го осудуваат сквернавењето на спомениците во центарот на градот од страна на хулиганите што протестираат поттикнати и поддржани од СДСМ.

anketa-porta-makedonija

Спомен-обележјата кои ја симболизираат вековната македонска историја се обоени и уништени. Со тоа се удри и по македонските херои кои го положиле животот за независна и суверена Македонија.

Додека се маваше со јајца и балони полни со боја кон најзначајните лица и моменти од нашето минато, споменици од другата страна на Вардар останаа недопрени.

Хулиганите на СДСМ го осквернавија симболот на децата-бегалци од Егејска Македонија, го нападнаа споменикот на АСНОМ.

uck-asnom

Кога на нивниот протест се приклучија и УЧК, во рацете на големите Методија Андонов-Ченто, Михајло Апостолски, Киро Глигоров, Кирил Петрушев, Емануел Чучков, Панко Брашнаров и другите великани на македонската историја беа поставени албански знамиња. Врз споменот на овие Македонци, протестантите поставуваат пароли за „hot line“!

Порталот „Журнал“ вчера објави дека Албанците од БЕСА не даваат да се фарба Скендербег, само македонските спомен-обележја требало да бидат сквернавени.

Граѓаните не го кријат својот револт по ваквата однесување. Велат дека сите оние што ги уништуваа спомениците во Скопје треба да си бидат повикани на разговор во полиција и да бидат соодветно казнети. Според нив, хулиганите треба да бидат казнети и парично, па со тие пари да се плати направената штета. На прашањето „Зошто не се бои споменикот на Скендербег, а се вандализира АСНОМ“, граѓаните одговараат дека Албанците се посложни и „Каде што има сила, нема правдина“!

anketa-porta1

-Жалосно е да ви кажам. Ова се пари од нашиот народ, од сите наши чесни луѓе. Греота е ова вака да го гледа народот, искрено ви кажувам. Поединци мислат како што не треба да мислат, како да не им се живее понатака. Полицијата треба да ги казни, да ја надоместат штетата и тоа 200 %. Не да ги казни 100% туку 200 затоа што ова е прекршок. Јас имам 77 години, а вакво нешто не сум видел. Пола Европа сум ја поминал. Сум бил во Париз, во Холандија, во Белгија, сега бев во Шведска, ама како ова чудо не сум видел. Скендербег никој не смее. Таму се посложни, поорганизирани во тој поглед. Никој не посегнува по лошото. Тие си го гледаат нивниот интерес кој им користи на нив. Секој си гледа за себе, а тие се поединци многу сложни, многу единствени и затоа напредуваат.

anketa-porta2

-За тие споменици се вложени пари, за народот и историјата и не е добро што кршат и рушат. Тоа се хулигани некои, невоспитани и тоа никако не е добро. Во ред е да се протестира, ама мирно. За тоа сите ние плаќаме, цел народ и уништувањето е на наша штета. Тие што кршат треба од родителите да добијат совет дека не смеат така, дека тоа не е за кршење. Тие што направија штети треба да работат за да ја платат. Можеби родителите не можат да платат, но треба на тие што кршат да им се даде да работат на земја, да произведуваат домат и пипер и така да платат за штетата што ја направиле.

anketa-porta3

-Боењето на спомениците не е добро. Полицијата треба да ги најде сторителите и тие да ја платат штетата. А за Скендербег зошто не се бои и уништува, затоа што каде што има сила нема правдина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top