Со проглас од шарената работилница, оддржана денеска во родниот град на социјалдемократскиот спасител, Заев лично го укина Велигден на неопределено време. Во соопштението до јавноста на неприкосновениот водач на Шарената револуција се вели:
„Исплашени дека претстојниот празник со вековната традиција на вапцање јајца може да ги потроши резервите на боја, општина Струмица го укинува Велигден на неодредено време. Соочени со кризата за боја и јајца, создадена од шарените револуционери, најголемиот христијански верски празник ќе се оддржи кога ќе се исполнат сите услови за фер, демократски и слободен Велигден. И Катица Јанева ќе отвори случај за ова чудна криза на боите и ќе се вика „Тинта“ (затоа што боја и мастило не се на буквата „Т“).Еден од главните услови од мене, преподобниот Зоран Заев, СДСМ и Општината е и со идната литургија, кога ќе се створат условите за Велигден, да чиноначалствува владиката Пимен, како наш единствен духовен татко, и не попуштаме колку и Наум и Стефан да се лутат.“, се вели во манифестот на црпнатиот спасител од Муртино и неговата општина.
На прогласот на Струмица веднаш се приклучија Општина Центар и Општина Куманово, кои под итно го послушаа својот верски и духовен лидер Заев и го укинаа Велигден на неодредено, прифаќајќи ги безусловно наведените постулати за фер Велигден . Четвртата општина на СДСМ, Ранковце, се уште не се изјаснила. Неофицијално, „А1, оф!“ пренесе дека градоначалниот на Ранковце, Момчило Алексовски, калкулирал со учеството, уплашен од баба му која била голем верник и се заканила дека ако се согласи ќе му с’сне Иван Исцелител за да го урочи.
Извори од екс Бихаќка за „Минус инфо“ пренесуваат дека, иако биле презафатени со федерализацијата, во СДСМ завладеала силна паника по информациите од главните дистрибутери на бои и лакови во државата, дека се трошат и последните резерви на „муниција“ за вандалите на протестите. Соочени со опасноста нивните хулигани да останат со празни кондоми и балони, како и јајца за фрлање по фасадите и спомениците, PR-тимот на Заев, составен од Геро, Саки, Борјан, Фатиме, Саше, Тричко и Роко побарал итно пренасочување на велигденските бои и јајца за арсеналот на хулиганите со остра радикализација на Велигден и сенароден бојкот на вапцањето и купувањето јајца.
Со хушкањето по своите медиуми почнале веднаш, а ТВ „Селма “ и „24 паравести“ ги отвориле дневниците со ексклузивната вест. Секако, во „Топ тема“ гостувале Пимен, Заев, Шеќеринска и неизбежниот инвентар за кризни ситуации – Фрчко, Калајџиев и Тортевски. Биле многу објективни и независни во одбрана на причините и условите за одложување на Велигден.
За оваа иницијатива шарените новинари добиле и писмена согласност од чадорот и посебно од финансиерот Сорос, кој л’цнал и бил силно воодушевен од идејата за бојкотот на најголемиот христијански празник, за што веднаш пуштил финансиска инјекција од нови 10 милиони долари за инвентивните стратези. Предводени од Геро како експерт, сите си купиле по уште неколку станови, само Саше ги потрошил на студио, камери и најновиот речник за пцости и за анални гадости.
Во најава е и ново издание на струмичка света книга, во која своите патешествија, и контакти со севишниот, предизвикани од халуцинациите од сопствените отровни корнишони, ќе ги раскаже муртинскиот Спасител, а на хартија ќе ги пренесе Роберт Поповски. Се подготвува и драма на истата тема, со сценска адаптација на Миле Паника и Атанас Вангелов, во која главните улоги ќе ги играат Ирена Ристиќ и Јовица Михајловски. Цацко одбил затоа што не го вклучиле во „Вчерашни вести.“ Музичката подлога ќе ја напишат Бени Шаќири и Златко Ориѓански. Бидејќи тоа го прават од идеолошки причини и за слобода – сите ќе бидат богато наградени од мецените. Финансиската поддршка за проектот со работен наслов „Како Заев го одложи Велигден“ е огромна, дознава „Буре сапун на врвка.“ Во мега-проектот ќе учествуваат УСАИД, Сорос, како и Британската и Германската амбасада во Скопје. Влезот ќе биде бесплатен и ќе чини само еден глас на избори од македонските љубители на политичко-револуционерно-солено-платениот жанр.
Олаф од Фрозен
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Олаф од Фрозен
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст