Капитенот на Пари Сен Жермен, бразилскиот интернационалец Тијаго Силва, е пред трансфер во каталонскиот гигант Барселона, пренесува „Мундо Депортиво“. Одличниот одбранбен фудбалер веќе неколку сезони се наоѓа на радарот на Барселона, но по годинешната елиминација на својот тим во четвртфиналето од Лигата на шампионите му наредил на својот агент да отпочне преговори за преселба на „Камп Ноу“.
Тијаго Силва сака да замине во Барселона, надевајќи се дека со каталонскиот клуб ќе стигне до трофејот во Лигата на шампионите во продолжението од својата кариера. Раководството на каталонскиот гигант и така планира реконструкција на дефанзивниот дел од тимот, а доаѓањето на Тијаго Силва би било своевиден џек-пот. Се работи за еден од најдобрите светски дефанзивци, кој во тандем со Жерар Пике би бил вистински бедем пред голот на Клаудио Браво.
Од Барселона ова лето треба да си заминат Томас Вермален, Марк Бартра, Дани Алвеш, а можеби и Хавиер Маскерано, кој сака да се врати во родната Аргентина и таму да ја заврши кариерата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Масовна тепачка меѓу навивачите на „ПСЖ“ и „Ѕвезда“, полицијата ги смирувала со палки (Видео)
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Најголемиот талент во школата на Барса има 15 години и живее како крал (Фото)