Делегацијата на ВС на Словачка ќе биде пречекана со високи воени почести од страна на домаќинот, началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски.
За време на посетата, генералот Максим, освен со началникот на ГШ на АРМ Величковски, ќе се сретне и со министерот за одбрана Зоран Јолевски.
Главни теми на официјалните разговори ќе бидат безбедносната состојба во регионот со осврт на мигрантската криза, учество на АРМ во операции за поддршка на мирот, информирање за словачкото претседателство со ЕУ во 2016 година, тековната состојба како и унапредување на билатералната армиска соработка.
Началникот на ГШ на ВС на Словачката Република, во текот на престојот во Република Македонија ќе биде примен и од претседателот на Република Македонија и врховен командант на ВС Ѓорге Иванов, ќе го посети Центарот за обука на пилоти и караулата Богородица на македонско-грчката граница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.