| четврток, 6 декември 2018 |

Братот на Мадона претепан од полицијата

Девет конци на челото по ќотекот што го изеде од полицијата за братот на поп- ѕвездата Мадона, Ентони Чиконе.

Чиконе, кој со години живее како бездомник, ѝ се спротивставил на полицијата во јавен тоалет во северен Мичиген, по што бил фрлен на земја, удрил со главата на подот и се здобил со повреди.

Во извештајот се наведува дека полицијата е повикана во недела навечер кога 56- годишниот Чиконе одбивал да го напушти јавниот тоалет.

Нивото на алкохол во крвта на Чиконе било 0,4 промили, а дозоленото ниво за возење е 0,08 промили.

Сѐ уште не се знае дали некој адвокат ќе го застапува Чиконе, кој се наоѓа во затвор. Портпаролката на Мадона одбила да го коментира случајот.

AnthonyCiccone images (2)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top