| четврток, 6 декември 2018 |

Од крв до гуша до мев до колена: Она што не го знаете за Празникот на трудот

maj - Copy 1

Датумот кога полицијата направи масакр на Хајмаркет во Чикаго симболично стана ден на работничкиот отпор кон капиталистичкиот експлоататор. Меѓутоа, самите Американци никогаш не го славеле, туку имаат свој празник.

За многу луѓе Меѓународниот празник на трудот евоцира слики од насмеани луѓе кои со високо подигнати глави, oпкружени со земјоделски и индустриски производи, тенкови и проектили, со црвени каранфили парадираат по улиците на престолнините на бившите социјалистички земји.

Тоа барем  важи за оние постарите. Први мај за помладите значи скара, пијанчење по паркови и добро дружење. Меѓутоа, не било секогаш така. Денешните гозби пред 129 години започнаа со крв и колеж.

1. Масакрот на Хејмаркет

maj 1

Настанот којшто историјата го нарекува Хејмаркетски немири или масакр се однесува на инцидент кој се случил во Чикаго на 4 мај 1886 година, на озлогласениот плоштад Хејмаркет.

Во почетокот демонстрациите почнале мирно и имале цел да ја поддржат борбара на работниците за осумчасовно работно време, што било побарано од синдокантите на 1 мај (оттаму и важноста на датумот). Меѓутоа, непознато лице фрлило бомба на полицијата, која возвратила со оган. Билансот бил седум мртви припадници на силите на редот и четворица цивили. Имало многу ранети.

Осум анархисти се осудени за заговор. На суд се тврдело дека еден од нив ја направил бомбата, но никој од осумтемина не ја фрлил.

Повратниот извештај на тамошните медиуми, како ни сведоците, воопшто не споменуваат дека се пукало од страната на демонстрантите. Пукала единствено полицијата.

2. Првата капиталистичка држава која славела Први мај била Хилерова Германија

maj 2

Во април 1933 година, само два месеци откако дошле на власт, германските национал-социјалисти го прогласиле Први мај за Ден на националниот труд и за државен празник и објавиле дека сите прослави ќе ги организира владата.

Прославите на другите политички и општествени чинители биле забранети, а централната масовна прослава била одржана на аеродромот „Темпелхоф“. Ваквиот начин на чествување на денот на трудот продолжил во годините на Третиот рајх.

3. Сите фашисти, освен нацистите, репресивно го забранувале 1 мај

maj 3

Германските нацисти, сепак, биле реткост меѓу сличните европски движења во тоа време.

Бенито Мусолини во Италија ја забранил прославата на Први мај и за празник на италијанскиот труд го определил 21 април кога се славело “Natale di Roma”, односно раѓањето на Вечниот град.

Во Португалија Антониот де Оливиера Салзар репресивно го задушувал секој помен на 1 мај, а слично било и во Шпанија: режимот на Франциско Франко строго ги гонел оние кои се обидувале да го одбележат.

4.  Французите им подаруваат на роднините и на пријателите момина солза

maj 4

Освен традиционално да излезе на улиците, работниот народ на Франција за овој ден има еден убав обичај.

Имено, според обичајот кој потекнува уште од времето на бурбонското кралство, од времето на Карло Деветти, Французите на своите сакани, на пријателите и на роднините им подаруваат момина солза.

Според преданието, кога имал десет години овој владетел, во 1561 година, додека го чекал својот ред да седне во престолот, на сите присутни дами им подарил по една момина солза. Денеска француската држава не наплатува данок на продажбата на момина солза на 1 мај, но само под услов момините солзи да се набрани во природа и да не се купени за препродавање.

5. Дали сте чуле за “EuroMayDay”?

maj 5

Промовиран од страна на феминистичките, антикапиталистичките и имигрантските организации, групи и колективи пред сѐ во Западна Европа “EuroMayDay” се одржува на 1 мај како и традиционалниот Празник на трудот, но е концентриран на борба против несигурноста. Неговите творци гледаат на него како на апдејт на стариот празник, а се организира под слоганот „луѓењ кои живеете во несигурност, обединете се и штрајкувајте за слободна, отворена и радикална Европа“.

Движењето потекнува од Милано, од каде што се проширило во Барселона, па и во цела Европа. Се проценува дека на тој ден вкупно 300.000 луѓе во Европа протестираат против несигурноста на континентот.

6. Американците мораат во сѐ да се разликуваат

labor-day

Иако целиот свет, било официјално било неофицијално, го прославува Празникот на трудот на 1 мај, Американците имаат друг датум за славење. Имано, нивниот празник е подвижен и се прославува во првиот понеделник од септември. Тој служи за да се одбележи економскиот и општествениот придонес на работниците и се вика Labor day, односно Ден на трудот.

Воспоставен е на предлог на машинистот Метју Мегвајер во 1882 година, а првпат бил прославен во државата Орегон. Национален презник станал 1894 година, а сите обиди да се префрли на 1 мај досега биле неуспешни.

И додека Македонците вртат скара, Французите, Шпанците и Италијанците демонстрираат, Американците – трошат. Трговците тврдат дека прометот остварен на тој ден е најисплатлив по оној во „црниот петок“.

7. На источниот блок му е мака од работнички права

maj 7

Работниците на поранешните комунистички држави немаат масовни протести и демонстрации, за разлика од капиталистичките Франција и Италија, во кои се редовни и масовни.

Овој феномен е многу тешко да се објасни, но веројатно има врска со заситеноста со повеќедецениската приказна и потенцирањето на правата на работниците, кои, на крајот повторно се чувствуваа бедно, обесправено и многу посиромашно од нивните соборци од капиталистичкиот Запад.

Како и да е, и оваа како и претходните години асфалтот на Париз, Тулуз, Рим, Мадрид, Барселона и Берлин ќе го гмечат ѓоновите на работниците желни за правда, а ние на Истокот, бидејќи сме баш богати и задоволени со сите можни бенефиции, ќе молиме за ден со сонце и без дожд за со мерак да испиваме тони пиво и да се наждереме добра скара.

Можеби во тоа се крие и одговорот на прашањето зошто ним им е подобро отколку нам.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top