| четврток, 6 декември 2018 |

Априлскиот снег ќе ги спаси лозјата

Field-with-snow-champ-enneige

Снегот кој падна во атарот на неколку поткожувски села нема да штети на лозарството како што стравуваат лозарите, туку е добредојден за земјоделските култури. Ова го изјави вечерва пензионираниот магистер по земјоделски науки со долгогодишно искуство, Диме Златев од Кавадарци.

– Снегот всушност добро ќе влијае врз сите земјоделски култури. Бидејќи во изминатиот период немаше дождови, а имаше топли ветрови и имаше потреба од пролетна влага во почвата. Некои од земјоделските култури имаа неопходна потреба од вода бидејќи се соочија со криза од влага во текот на растењето, нагласи Златев.

Тој додаде дека влагата од стопениот снег ќе им помогне на земјоделските култури во нивното растење и формирање на плодови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top