Три лица се повредени во сообраќајката што вечерва околу 20.25 часот се случи на булеварот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кај зградата на Министерството за наука и образование во Скопје.
Како што информираат од СВР Скопје за „Република“, станува збор за судир на автомобил „мазда“ со скопски регистерски таблички и возило на Брза помош. Повредените се пренесени во скопскиот Ургентен центар.
Полицискиот увид е во тек, по што ќе бидат познати повеќе детали.
Фотографиите во нашата редакција ги испрати читател на „Република“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.