| четврток, 6 декември 2018 |

Финансии демантира: Државата ќе врати 30 милиони евра повеќе во стопанството од предвиденото

ministerstvo za finansii

Не е точно дека државата ќе запише нови 100 милиони евра, напротив, распишаната аукција е многу помала од сумата која следниот ден ќе се врати во стопанството, наведува Министерството за финансии во демантот на тврдењата на дополнителниот заменик-министер за финансии.

„Министерството за финансии издаде проспект на 4,3 милијарди денари (69,9 милиони евра) за аукцијата која ќе се одржи на 3 мај следната недела, додека веќе следниот ден во стопанството враќа 6,2 милијарди денари (100,8 милиони евра) или скоро 2 милијарди денари (над 30 милиони евра) повеќе од предвиденото со проспектот“, стои во демантот од Министерството за финансии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top