| четврток, 6 декември 2018 |

Заев призна: Се бориме за Соросова Македонија!

makedonija-soros

Во психолошки транс и занес, разнежнет и длабоко трогнат од аболицијата на претседателот Иванов, за време на викендот во вилата во Грција, која официјално не постои, лидерот на СДСМ бил повторно црпнат, овој пат од наплив на искреност.

Во хациендата престојувал целиот негов новинарски ПР-тим. Изморени од шарените шестдневни протести и ишарани ко ЛГБТ знаме, крај нозе му лежеле Геро, Саше, Саки, Роко, Љубиша и Ива. Борјан забрзано со лирџет се враќал од викенд во Брисел и пукнал од мака што не можел отпочеток да ужива во прекрасното шарено друштво на конспиратори.

Поведен од лежерната и револуционерна атмосфера и големите количини узо со ѕаѕики, Заев мешајќи струмички, како секогаш кога е возбуден, се отворил пред соборците:

– Морам да ви признаам, не можам вај камен веќе да гу носам сам. Џорџ вчера ме притисна и траже – за два месеца мора да исполнеме или ќе нè смене! Сите ќе пуздравеме пу дома ако не ја биде работта! Ке менеме името или он ќе нè смене нас!

Прв зашш’кал Геро, кој видно вознемирен изрипал и го напуштил омиленото место покрај лидеровите нозе:

– ШШшшшшшшшштоссссакашшш да кажжжжешшшшчоече, нема шшшанссси, ја има ушшшшессседумсссссстана за купуење, не бива, сссрамота!

Заев го погледнал со смирен, спасителски поглед , го погалил под брадата и милно му срочил:

Герче мое и останати миленичиња, времето дојде. Или ќе тепаме некако со чадорот и ќе го  смениме името, или ќе го јадеме за век и веков.

Скокнал и  Саше и почнал со своите анални пцости да тера сè во ПМ и пошироко, кога со ранче на рамо од аеродром во хациендата влетал Боки Јовановски и со насмевка до уши свикал:

– Ќе ја биде, чадорот кажа само да тепаме и одма ќе го мењаме. Јухууу, милиончињааа, јееес!

Шарени во очите од истоимената им револуција сите се здрвиле, посивеле во фаците и се  смрштиле:

– Боки несреќо, иди у к…, па не можеме да тепаме уште 10 години бе друже, шо бладаш да те е… во г… – милно му срочил Саше.

– Не секирај се, ќе даат нови БОМБИ, го снимиле Миле како го пцуе Зоки. Готово е, готово, ми вети чадорот, ќе се викаме ШСГВСМП – Шарен Северно Горни Вардарски Словенско-македонски Протекторат, и одма ќе влеземе у ЕУ, НАТО, у Гинис и ќе ни даат 5 миљарди, ќе тепаме на Свецко у фудбал, башка у баскет, на 100 метри пливање грбно со пречки, башка и Тајгер Вудс ќе ни го тренира Трпе за свецко у голф, средено, хихихихииии, јес!

Сите се стаписале и заплакале од среќа, но идилата ја прекинал трогателен и очајнички крик. Разорен глас произлегол од лидерот, кому оган му излегувал од очи:

– Неееееееее! Биљмезиииии! Моравме кичма да виткаме за да средиме за РЕПУБЛИКА СОРОСОВА МАКЕДОНИЈА бре, чоекот има 85 години, џабе крв мења секој ден у „Бети Форд“, башка бубрези и сè друго, за среќа срце нема, нели! За тоа работиме и за тоа нè плаќа, ко ќе отиде некад земја по него да се вика! Аааааах, остав Боки, јавуј се и откажуј, ќе ти го пуштам сега Саше да те удаи до смрт со глупости, пцости кратовски и сељачизми, арам да ти е! Сеа пак од ново, неее! – извикал панично лидерот и демонстративно заминал од соба, седнал у поршето на Вицето и запичил да се правда кај чадорот.

olafОлаф од Фрозен
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Олаф од Фрозен

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top