Скопје филм фестивал соопштува дека денеска, во рамки на програмата на фестивалот, во киното Фросина, се одржа првиот Инфо ден на програмата МЕДИА дел од „Креативна Европа“, презентација која имаше цел да се информираат и да им се даде поддршка на македонските филмски професионалци и на други заинтересирани во изготвувањето на апликации за оваа потпрограмата на познатата програма „Креативна Европа“, во рамки на ЕУ фондовите за финасиање на култура и филмски проекти.
Канцеларијата во Агенцијата за филм на РМ, е веќе отворена и ја води Владимир Стојчевски. Тој истакна дека од претходната година отворен е пристапот за проекти од регионот во кој спаѓа и Македонија. Како потпрограма на Креативна Европа, МЕДИА е нов инструмент за финансирање на филмски и телевизиски проекти и до 2020 година има буџет за оваа намена. Се концентрира на поддршка на независни продуценти, развој на флмски проекти, за дистрибуција на европски филмови, фестивали, има грантови за поединечни проекти, телевизиски проекти и други категории. Висината на грантовите се движи до 60 000 евра за анимиран филм, 25 илјади евра за документарен, а за игран филм до 30 000 евра, ако вкупниот буџет е до 1,5 милион евра и до 50 000 евра, ако буџетот на филмот е поголем од оваа сума. Во оваа категорија од Македонија поддршка доби проектот на Игор Иванов „Шеќерното дете“.
Програмата МЕДИА, што за македонските филмаџии ќе ја замени програмата Еуроимаж, на која конкурираа досега, нуди можности и за развој на група проекти за продуцентите и буџети од 70 до 200 000 евра за развој на пакет проекти, за кои во иднина може да се конкурира и од Македонија.
За следната 2017 година, за оваа програма, имало околу 100 апликации од цела Европа, од кои се одобрени 30, а од Македонија од програмата МЕДИА поддршка веќе добија фестивалот „Браќа Манаки“ со 46 000 евра и фестивалот за документарен филм „Македокс“ со 27 000 евра.
Скопје филм фестивал со задоволство соопштува дека вчера вечер (25.04) се одржа скопската премиера на македонскиот игран филм „Лазар“, на Светозар Ристовски. Пред полната сала во кино „Милениум“ се поклони целата екипа на филмот, а публиката ја награди со долг аплауз.
фото: Јована Савевска и Снежана Алексовска
Програмата на 19. издание на Скопје филм фестивал за 27 април:
16,00 Милениум
КИКА/KIKA
Режија: Pedro Almodovar
Улоги: Verónica Forqué, Peter Coyote, Victoria Abril, Àlex Casanovas, Rossy de Palma, Charo López
Земја: Spain/France
Времетраење: 114 мин
Кога Николас, познат американски автор, ја доведува козметичарката Кика да го подготви трупот на неговиот неодамна починат син Рамон, Кика несвесно го оживува младиот маж, а потоа се вљубува во него. Сили се здружуваат во заговорот против двојката, затоа што Николас ја посакува Кика за себе. Но најпрво тие треба да се соочат со сомнителната смрт на мајката на Рамон, нападната таблоидна и ТВ- ѕвезда и Андреа, поранешниот психолог на Рамон.
Вмешувајќи ги сите овие личности – и други – во една нескротлива фарса, Алмодовар создава современа алегорија за насилството што станува толку често и сексот што е толку бизарен што и едното и другото изгубиле смисла и ја перципира врската меѓу сексот и насилството како постојано еволуирачка и перфидно комплексна.
18,00 Милениум
МАРГЕРИТ/ MARGUERITE
Режија: Xavier Giannoli
Улоги: Catherine Frot, Andre Marcon, Michel Fau, Christa Theret, Denis Mpunga, Sylvain Dieuaide
Земја: France/Czech Republic/ Belgium
Времетраење: 128 мин
Инспирирана од траги-комичната вистинска приказна за Флоренс Фостер Џенкинс – жена од елитата на Источниот брег, која и покрај исклучително лошиот глас инвестирала во музичка кариера која завршува со очаен, но распродаден концерт во Карнеги хол – оваа приказна од џез ерата, се случува во Париз, каде Маргерит ја финансира својата кариера на пејачка, предизвикувајќи потсмев кај многумина, почит кај малкумина и длабока фрустрација кај сопругот кој со децении треба да се справува со уникатниот „талент“ на неговата жена.
20,00 Милениум
МОЧУРИШТА/ MARSHLAND
Режија: Alberto Rodriguez
Улоги: Raúl Arévalo, Javier Gutiérrez, Nerea Barros, Antonio de la Torre
Земја: Spain
Времетраење: 105 мин.
Визуелно филмот е исполнет со застрашувачка опресивност, во потполна спротивност со репутацијата на областа како безгрижно место. Повеќето од внимателно компонираните кадри на овој визуелно супериорен филм се снимени од нивото на почвата и водата, што надреално го нагласува визуелниот тон на филмот. Најтензичните делови на филмот се комбинирани со чудно направени воздушни кадри, кои се интригантни како поради својот богат колорит така и по својата геометрија, и кои на приказната ѝ допуштаат простор за слободно да дише и обезбедуваат некаква перспектива на ужасните човечки настани што се одвиваат на земјата.
Врвно сработениот трилер со богата текстура е еден од најсилните шпански филмови во 2015.
22,00 Милениум
ДА СЕ БИДЕ СЕДУМНАЕСЕТ ГОДИШЕН/ BEING 17
Режија: André Téchiné
Улоги: Sandrine Kiberlain, Kacey Mottet Klein, Corentin Fila, Alexis Loret
Земја: France
Времетраење: 116 мин.
„Да се биде седумнаесетгодишен“ го следи Дамиен, разгалениот син -тинејџер на војник и лекарка. Со својата мајка, тој живее во воените бараки на југот на Франција додека неговиот татко е на воена мисија во Централно африканска република. Во училиште Дамиан покажува нова, пркосна особина за да ги држи понастрана насилниците што го прогонуваат поради неговата феминизираност. Кога го запознава Том, посвоен син на локални фармери, меѓу нив веднаш се јавува нетрпеливост и омраза. Кога мајката на Том е приморана да оди во болница, мајката на Дамиен се нуди да го прифати Том накратко во нивниот дом. Тогаш тензијата меѓу двете момчиња станува сè повеќе опиплива.
Во филмот Андре Тешин истражува како изгледа растењето во различни социјални опкружувања преку портретирањето на двете збунети момчиња кои се обидуваат да управуваат со своите емоции. Каменото село во планините на југозападна Франција, на крајот од сезоната, станува пејзаж за врската меѓу двете момчиња која осцилира меѓу презир и привлечност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст