| четврток, 6 декември 2018 |

Традиционална храна, крушевски локум, македонски везови и рачни изработки на саемот „Запознајте ја Пелагонија“

Tрадиционална храна, познатиот крушевски локум, македонски везови и рачни изработки, како и многу други производи карактеристични за Пелагонискиот регион се дел од саемот „Запознајте ја Пелагонија“ што денеска и утре се одржува во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ во Скопје.

На саемот се присутни околу 20 претставници на малите бизниси од овој регион, а организаторите очекуваат саемот во иднина да добие традиционален карактер.

– Се надеваме дека ова би прераснало во традиција и секоја година да имаме што поголем број изложувачи, изјави Марина Тошевска од локалната акциска група „Агро лидер“ од Кривогаштани, која е еден од организаторите на саемот.

Саемот се одржува со поддршка од УСАИД и Швајцарската амбасада, а целта е да се промовираат малите бизниси од оделни региони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top