По повод серијата атентати во Солун од 28 април до 1 мај 1903 година на групата наречена Гемиџии и нивната саможртва за Македонија, денеска пред нивниот споменик кај Мало Мовче во Велес, во нивна чест букети цвеќе положија делегации на Општина Велес, Сојузот на борци, на пензионери, политички партии, претставници од училиштатата и граѓани.
Како што потсети Слободан Ников историчар, раководител на одделението на Државниот Архив во Велес, Гемиџиите пред 113 години како што е и нивниот слоган „Се арчиме за Македонија“ сакаат да и покажат на Европа и светот дека постои земја што се вика Македонија која поробена од Турците и која бара слобода.
– Тие со својата саможртва на своите млади животи, трајно се запишаа со златни букви во македонската историја, потсети Ников.
Во серијата бомбашки напади од 28 април до 1 мај 1903 година во Солун првин бил потопен францускиот брод „Гвадалкивир”, а потоа следеле и нападите на Отоманската Банка, железничката линија, гасоводот за осветлување на Солун. Во сите бомбашки напади според нивната определба да нема жртви при нападите, единствени жртви се Гемиџиите или Солунските атантатори по градот во кој се случиле.
Во изведувањето на Солунските атентати учествувале: Јордан Поп Јорданов, Константин Кирков, Димитар Мечев, Илија Трчков, Владимир Пингов, Павел Шатев, Марко Бопнаков, Милан Арсов, Георги Богданов и Цветко Трајков.
Делагација на Општина Велес, на борци, политичките партии и други се упатија кон велешкото село Ораовец, каде положија цвеќе на гробот на Милан Арсов на најмладиот Гемиџија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст