| четврток, 6 декември 2018 |

Причини зошто да имате секс секој ден

3

Сексот е задоволство кое не само што ве крева до небо и по него се чувствувате одлично, туку тој е корисен како за телото, така и за вашата душа.

Според една неодамнешна студија, луѓето кои имаат секс повеќе од 3 пати неделно, се поздрави од оние кои не го прават тоа.

Еве неколку причини да бидете активни во кревет и емоционално посреќни:

2

Се зголемува имунолошкиот систем

За време на сексот, вашето тело произведува неколку видови хормони, меѓу кои е имуноглобулин, кој ви помага во борбата со грипот. Поради оваа причина сексот е оптимален лек за настинка.

Го оддржува здраво вашето срце

Бидејќи може да се смета за физичка активност, блиска до аеробикот, сексот е корисна вежба за вас и за вашето срце. Жените согоруваат во просек по 3,1 калории во минута за време на сексот, па колку подолго и почесто е доживувањето, толку подобро!

4

Допринесува да изгледате помлади

Заборавете ги кремовите за измазнување на брчките и најдете си партнер! Козметичката индустрија е категорична дека жените кои имаат секс секој ден изгледаат  4-6 години помлади отколку што се.

Ја намалува болката

Ако често ја користите фразата „не ми се секса, ме боли главата!“, всушност сами си штетите. Сексот ја намалува како главоболка, така и болките во стомакот, а маструбацијата за време на циклус може да ве спаси од болните грчеви.

08-woman-uninterested-in-sex-lgn

Го подобрува спиењето

Хормоните кои гарантираат добар сон се окситоцин, сератонин и мелатонин. Сите тие се произведуваат за време на секс, па затоа ако сакате мирен сон, сексајте се секој ден, наутро, навечер, напладне или кога ќе посакате.

seks-1

И на крајот се разбира, сексајте се бидејќи ви е пријатно, бидејќи ве расположува и затоа што понекогаш може да го направи вашиот ден многу поинтересен. А и сами знаете дека апетитот доаѓа со јадењето!

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top