| четврток, 6 декември 2018 |

Липосукциска диета

За оние кои безуспешно се обидувале да ослабат со здрава исхрана, диети или вежби, креаторите и автори на липосукциска исхрана – препорачуваат еден сосем нов пристап кој, како што наведуваат, доведува до брзо регулирање на телесната тежина без задолжителни вежби и изгладнувања.

dieta

Што е всушност липосукциска исхрана?

Липосукциска исхрана претставува медицински третман за симнување на вишок килограми и за која, нејзините автори тврдат дека е потполно нештетна по човековото здравје.

Креатор на оваа диета и мени е нутриционистот Кенан Мандра, кој планот на исхрана го направил врз база на протеинските потреби на организмот – според професорот Џорџ Блекберн.

Како функционира липосукциската диета?

Липосукциската исхрана е базирана на активација на метаболизмот на мастите. Имено, аминокиселините имаат функција да му обезбедат на организмот енергија од метаболизмот на мастите и да активираат мобилизација и оксидација на мастите во ткивата и црниот дроб.

После 24 часа, телото се прилагодува за употреба на ацетоацетична киселина, а бидејќи има постојана потреба за енергија, а извор на енергијата се мастите, се случува трошење на слободните масни резерви и на тој начин се елиминираат вишокот килограми.

Циклусот на овој вид исхрана во траење од 10 дена овозможува симнување на 7-10% од телесната тежина. Циклусите можат да се повторуваат додека да се постигне саканата цел, а внесот на аминокиселини по ден, задолжително мора да биде прецизно пресметан од страна на експерт.

ТРЕТМАН – 10 ДЕНА

Третманот кој трае 10 дена, предвидува внесување на аминокиселини и суплементи но без внесување на храна од било каква намирница.

Наменет е за луѓе за кои е утврдено дека можат да спроведат ваков режим – и физички и психички. Не го спроведувајте третманот без одоброние на нутриционист, бидејќи се можни штетни последици по здравјето.

Резултатите се можни единствено во случај на 100% придржување на одреден протокол. Аминокиселините имаат улога на двигатели и мобилизација на масните клетки за да овозможат слабеење но нивниот вкус не е особено пријатен – сличен е на млечната сурутка.

АПСТИНЕНЦИЈАЛНА КРИЗА

Кризата која би можеле да ја почувствувате во период од 72 часа од почетокот на спроведување на липосукциската исхрана. Желбата за храна може да се смири со вода, краставица со сол или енергетска супа.

Задолжително секој ден треба да пиете по 2 литри вода, а секоја вечер да испиете шолја чај за забрзување на дигестијата. Во текот на денот е дозволено да се пие кафе, лимонада или да се јадат краставици во неограничени количини.

voda

Енергетската супа може да се земе исклучително во ситуација кога ќе дојде до драстичен пад на енергијата. Може да се консумира секој ден.

Во текот на 10 дена од оваа диета, можно е да осетите пад на крвниот притисок или трпки по раце и нозе.

Станува збор за прилагодување на организмот, па затоа обидете се да не правите нагли движења, а особено нагло станување.

Се препорачува за време на овој режим да се пијат пробиотици – капсули, секој ден по една, потоа мултивитамински таблети но не шумливи, и на крај – таблети омега 3 1000 со витамини како суплементи.

Доколку за време на диетата забележите дека нема да можете да издржите, препорака е да преминете на протокол 21, кој вклучува и дополнителни оброци.

Протоколот за слабеење мора 100% да ги следи упатствата на нутриционист и нема ни најмало отстапување бидејќи тогаш организмот се наоѓа во посебна состојба која лесно може да се наруши и со најмала количина на било која намирница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top