| четврток, 6 декември 2018 |

Кој хороскопски знак никогаш нема да ви каже „те сакам“?

Делуваат ладно и бесчувствително, но тоа е само на прв поглед. И додека вие се нервирате бидејќи ни она „те сакам“ не може да го префрли преку јазик, можеби треба да научите да ги следите знаковите со кои тоа ви го покажува.

Јарец

Ладен и надмоќен, тоа е првиот впечаток за личности родени во овој хороскопски знак. Пред другите се претставуваат силни како ништо да не може да ги допре ни да влијае на нив, но кога ќе размислат за сè во своите четири ѕида, во состојба се да плачат и лелекаат цела ноќ. Под услов да се сами дома, се разбира. Баш кога ќе срушите еден бедем, кој го има околу него се појавува друг и така во недоглед. Баш кога сте подготвени да дигнете раце, ќе ја изгребете нивната површина, ќе сфатите дека сепак имаат чувства и тоа длабоки. Страв од повредување е она кое ги спречува да ги покажат чувствата и затоа ги закопуваат длабоко во себе. Попрво би дале рака отколку на некој први да му кажат дека го сакаат и дека им е важен. Сепак, нивната маска паѓа во вода кога ќе ги пробиете нивните бедеми. Само ви требаат челични живци и многу трпение.

Лав

Она со што Лавот не може да се избори е суета која ги спречува да се отворат и да ја покажат својата ранливост пред друга личност, дури и ако ја знаат цел живот. Никогаш нема да признаат нешто од што се срамат, секогаш ќе имате впечаток како да за него знаете помалку од колку тој што знае за вас. Лесно ќе ве остави на цедило и тешко ќе ја прифати својата грешка. „Прости“ е збор кој нема лесно да го изговорат, ако некогаш воопшто им излета од усните. Дури и некогаш ако е свесен дека згрешил тоа никогаш нема да го признае – ни на себеси, а не па на другите. Во неговата глава, тој е совршен. Попрво ќе му искорнете заб, отколку да слушнете зборови со кои би ги искажал чувствата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top