| четврток, 6 декември 2018 |

Зоран се колне, полицијата не му верува: „Ако сум ја убил Јелена, на Теразије да ме обесат“

zoran-marjanovic-jelena-krsmanovic-foto-printscreen-1460361624-883967

Зоран Марјановиќ, сопругот на брутално убиената пејачка Јелена Марјановиќ, во текот на сослушувањето во полиција упорно инсистирал на тоа дека не е убиец и дека нема никаква врска со злосторството.

borca-zoran-marjanovic-vladimir-marjanovic-foto-nebojsa-mandic-1461417673-892313

Дури и понудил да го осудат на најтешка казна ако се утврдид ека е виновен.

Зоран буквално ги преколнуваше полицајците да му поверуваат дека тој не е убиецот. Во еден момент, низ солзи, буквално рече: „Се колнам дека не сум виновен. Еве, нека ме обесат на Теразије ако сум јас тој кој ја убил мојата Јелена“. Цело време се оправдуваше дека ја сакал, дека е љубовта на неговиот живот и дека никогаш не се карале. Меѓутоа, факт е дека во неговиот исказ има многи контрадикторности. Ќе видиме што ќе покаже истрагата, каква е неговата улога во сево ова, вели извор близок на истрагата.

mozda-sam-gledao-ubicu-na-sahrani-zoran-marjanovic-o-najtezem-trenutku-u-zivotu-1460215399-882899

Полицијата успеа да дојде до нови сознанија во истрагата на убиството кои со денови не ѝ дава мир на Србија. Полициско куче откри како се движел убиецот на насипот на смртта. По смртта избегал преку ливада до патото кој води кон населбата Црвенка, а потоа завлегол во нивите. Истовремено полицијата трага по син караван, автомобил кој бил виден на насипот во време на злосторството и кој е регистриран на безбедносните камери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top