Македонци и Турци од Дебар и Центар Жупа, кои живеат и работат во Местре, Италија, излегоа да ѝ изразат поддршка на граѓанската иницијатива на ГДОМ и на владата предводена од ВМРО ДПМНЕ и уште еднаш да ѝ порачаат на деструктивната опозиција дека за неа нема место во современа Македонија.
-На 5 јуни ќе го дадеме гласот за спас на Македонија. Нашата татковина Македонија мора да продолжи по европскиот пат, а не да се враќа 20-30 назад во други времиња кои не ѝ донесоа просперитет на земјата, порачуваат Македонците и Турците по потекло од Центар Жупа и Дебар, кои живеат и работат во Местре, Италија.
Поддршка на ГДОМ изразија и изелениците од Пијамонте, кои им порачаа на крвниците на Македонија дека и тие се тука, дека постојат и дека имаат право да ја сакаат и да ја бранат земјата во која имаат семејства и имот.
Иселиници од Струга и Струшко и Кавадарци, кои живеат во Конељано и Трентино, исто така во Италија, испратија порака до Македонија – На 5 јуни сите на избори!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст