Намалувањето на буџетскиот дефицит во Шпанија доведе до нов рекорд во невработеност во земјата. Напорите да се намали најголемиот дефицит во ЕУ во првиот квартал на оваа година негативно влијаеше врз растот на економијата. Рецесијата е во замав повеќе од 20 месеци, а шпанските невработени чинат 20 проценти од сите невработени во ЕУ. Нивниот број е највисок ако се брои од 1976 година, по смртта на Франко и транзицијата кон демократија. ММФ не предвидува промена на состојбата, освен кон полошо, па БДП за оваа година да падне на 1,6 процент со невработеност поголема од 27 проценти. Владата во меѓувреме подготвува нови мерки што се очекува да бидат презентирани утре за да се прекине шестгодишниот пад на четвртата по големина економија во еврозоната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


