На 25 април 2016 година се организира двегодишнина од постоењето на Светската унија на поети основана од страна на италијанскиот кандидат за Нобелова награда за литература, писателот и поет Силвано Бортолаци.
Како дел од истата функционираат делегации, односно школи за поезија (Scuola di poesia) во неколку држави во светот меѓу кои и Македонија, која почна да функционира во август 2015 година, по прогласувањето за амбасадор и претсавник за Македонија на македонскиот концептуален уметник, поет и граѓански активист Митко Гогов.
Во моментот во делегацијата на Македонија членуваат повеќе од 100 членови, а ова е нивен прв официјален настан. Настаните се закажани за 25ти април, и освен во Македонија слични ќе се одбележуваат и во неколку други држави во светот.
Македонскиот носечки настан ќе се реализира со почеток во 20 часот, во кафетерија во Скопје „Винил“ додека другиот наменет за средношколците ќе биде со награден карактер и ќе се реализира во просториите на гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово, во организација на проф. Јаготка Томовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст