| четврток, 6 декември 2018 |

Јакомовски: Се плаќаат професионалци за да прават протести

Режисерите на протестите на СДСМ и нивните финансиски чадори сакаат што подолго да траат, со цел да земат што повеќе пари од своите ментори, вели лидерот на ГРОМ Стевче Јакимовски.

stevce-jakimovski

Нарачателите плаќаат професионалци, организирани преку канвас, кои каузата за демократија ја претворија во бизнис за недемократско уривање на владите.

-Овие протести не се граѓанско движење со спонтан излив на незадоволни луѓе од оваа власт и од оваа држава, во овие протести има се и сешто. Има и домашно незадоволство, тоа е точно, но има и увезени и оркестрирани подбуцнувачи, односно кои се докажани на терен и веќе афирмирани надвор од Република Македонија за пари. Средства кои се уплатени им доаѓаат однадвор преку невладините организации кои се добро познати на македонската јавност со цел да се изврши увезена или нарачана дестабилизација на Република Македонија, рече Јакимовски.

Тој потенцираше дека доколку се види веб сајтот на СОРОС ќе се види листата на невладини организации коишто тој ги финансира, а организациите не негираат туку тврдат дека се организатори на протестите и се гордеат со тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top